Петар Печков
Објавено: сабота, 22 септември 2012
Новооткриени фрагменти од коптски текст наведуваат дека некои рани христијани верувале дека Исус бил женет, тврди професор од Харвард.
Карен Кинг е историчар во Харвард и го претстави своето откритие на средба со коптските професори.
Во документот Кинг забележува дека папирусот е „единствениот постоечки стар текст кој детално опишува дека Исус имал жена. Сепак, таму не се обезбедуваат докази дека историскиот Исус бил женет, заради подоцнежниот датум на фрагментот и најверојатниот датум на оригиналнната целина од втората половина од вториот век“.
На Десеттиот меѓународен конгрес за коптските учења, Кинг зборуваше за нејзиното откритие и нејзиното проучување на фрагментите на папирусот, кој бил обезбеден од приватен колекционер кој ја контактирал за таа да го прочи.
- Кинг и нејзината колешка Анамарија Луијендијк, вонреден професор по религија на Универзитетот Принстон, веруваат дека фрагментот е дел од новооткриено евангелие, стои во соопштението за јавноста издадено од Харвард.
Кинг во својот извештај напишала: „Ако датумот од вториот век на текстот е точен, фрагментот обезбедува директни докази на тврдењето за брачниот статус на Исус, кои за првпат се појавуваат еден век по смртта на Исус во контекст на внатрехристијанските контроверзи околу неговата сексуалност, бракот и учениците“.
Како што објави „Њујорк тајмс“, „дури и со многуте недообјаснети прашања, ова откритие може повторно да ја распали дебатата околу тоа дали Исус бил женет, дали Марија Магдалена била неговата жена, и дали имал женски ученици. Овие дебати потекнуваат од првите векови на христијанството, велат професорите. Но тие се релевантни и денес, кога глобалното христијанство се врти околу темата за женски свештеници и границите на бракот“.
Каналот Смитсонијан на 30 септември ќе прикаже специјален документарец за папирусот и истражувањата на Кинг.
- 33-те зборови во фрагментот, наведени во 14 недовршени реченици, оставаат одличен простор за интерпретација. Но, во анализите на Кинг, и како што таа тврди во претстојниот текст кој ќе биде објавен во Теолошкиот зборник на Харвард, „жената“ која се поврзува со Исус е најверојатно Марија Магдалена, и излегува дека Исус неа ја бранел од некого, веројатно од некој од машките ученици, напиша Ариел Сабар во магазинот „Смитсонијан“.
Скица од извештајот на Кинг во врска со фрагментот од папирусот од 4-иот век, е достапен на веб страната на верското училиште.
- Ова евангелие, како и другите кои датираат од вториот век и кои се спротивни на тврдењата - дека Исус бил во целибат, на пример - се историски кажано подоцнежни, за да обезбедат какви било докази дали историскиот Исус бил женет или не, вели Кинг. Но, фрагментот открива и дека 150 години или повеќе по раѓањето на Исус, христијанството веќе заземало став околу овие прашања. Значајно е тоа што овој нов текст ги поместува датумите кога некои христијани зборувале дека Исус бил женет, во времето кое се совпаѓа со раните наводи дека тој бил во целибат, известуваат од магазинот Харвард.
Новата повторно распалена дебата околу учениците, се фокусира на брачниот статус на Исус и околу веродостојноста на раните црковни документи.
- Кинг не е археолог, па како тогаш дошла до ова парче?, стои во прашањето објавено на блогот Звинглиус Редививус, кој го уредува Џим Вест, редовен професор по библиски студии во теолошкото училиште Кварц Хил, и баптистички свештеник во Петрос, Тенеси. - Понатаму, изјава на фрагмент од папирус не е доказ за ништо. Не е ништо повеќе од изјава во воздух, без суштествен контекст.
- Во ниеден момент не поверував дека таа нешто кривотвори, стои во пост на блогот ПалеоБабле. - Сепак, веродостојноста на текстот е недокажлива, што е проблем... Се согласувам со Џејмс Табор и другите дека црквата (читај: католичката црква, а потоа и сите протестантски кои слепо ја следеле таа традиција) манипулирале со сведоштвата на Марија Магдалена.
Во реакција на оваа вест, Табор, кој е претседател на одделот за религиски студии на Универзитетот на Северна Каролина во Шарлот, напиша: „Интензивно пишував за ова на мојот блог, наведувајќи дека моите колеги, од Бен Витерингтон до Барт Ерман... кои толку инсистираат на тоа дека не постои ниту трошка доказ дека Исус бил женет, повторно го истакнуваат ова прашање. Го сменив моето мислење по објавувањето на „Династијата Исус“ во 2006, во која и јас инсистирав на тоа дека идејата оти „Исус бил женет“ е долговечна на шпекулации и кратка со докази.
Постоењето на двата надгробни споменика во Талпиот се еден од факторите на моето престројување, но всушност би го сметал тој доказ за секундарен во споредба со текстуалните докази, вклучуавајќи го и доказот на молчење, кои можат да се наместат. Иако не би ја поддржал ниту пак „обвинил“ Карен Кинг, починатата Џејн Шаберг, Ен Греам Брок, Април Деконик или цела листа на други кои ги земам превид, силно сум под влијание на нивната работа во врска со Марија Магдалена“,
текстот е преземен од Вашингтон Пост - Вашингтон
Tweet |